еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Тимбилдинг – активност преку која група на индивидуалци се претвора во тим

Сè поважен дел од работната средина и компаниската култура се т.н. „тимбилдинг активности“, чија цел е да се организираат забавни активности за вработените за тие да можат да се запознаат и да се поврзат надвор од работната средина. Накратко кажано, тимбилдинзите се активности преку кои група на индивидуалци се претвора во тим.

Во последните години тимбилдингот зазема различна форма: некогаш е еднодневен и фокусиран на физички активности, а некогаш е повеќедневен и испланиран околу релаксација и одмор.

Тимбилдинг активностите се совршен „изговор“ за да се прошета некаде каде што не сте биле, да истражите места кои не сте помислиле дека е вредно да се истражат или да направите нешто од општа корист за да ѝ вратите на заедницата. Преку нив се зајакнува тимскиот дух, се создава синергија, се зголемува мотивираноста на вработените.

Сè почесто, компаниите се решаваат организираниот тимбилдинг да има ефект кон повеќе од само вработените, туку истиот да е фокусиран на природата, околината и заедницата. Токму затоа овој тип на активности ги доверуваат на веќе докажани професионалци, кои според нивните очекувања ќе организираат автентичен тим билдинг.

Една од тие компании е Балкан Прајм Турс (Balkan Prime Tours, teambuilding.balkanprime.tours), која за различни групи организира прилагодени тим билдинг активности според желбите и очекувањата. Во разговор со своите клиенти се дефинира концептот, бројот на денови и каква програма ќе се договори.

Може да се одбере една од руралните локации во земјава со богата природа, како што е Смоларскиот водопад, и во текот на еден викенд сите вработени да ја истражат природата заедно со колегите од работа. Активностите на отворено ќе им понудат бегство од секојдневието, барем на еден викенд, а истовремено ќе имаат можност и да ги запознаат своите колеги во едно поинакво опкружување, далеку од работните простории.

Според Влатко Сулев, оперативен директор на Балкан Прајм Турс структурата на вработените, и очекувањата на компанијата влијаат на самата програма. Колку повеќе млади луѓе се дел од една компанија, толку повеќе се наметнува потребата од aктивен тим билдинг.

-Организирање на игри во кои вработените се натпреваруваат едни против други што може да има големи придобивки за компанијата… сè додека сите сфаќаат дека победата НЕ Е најважното нешто.

Компетитивноста може да “отклучи” нови страни кај вработените, кои ретко можат да се забележат во исклучително работна околина, а кои се многу важни за да се разбере карактерот и тенденциите на вработениот.

На пример, фина идеја е да ги соберете вработените, да ги поделите во два тима и да организирате влечење јаже (или трка со велосипеди…), во кој победникот добива некаков подарок или бенефит од компанијата. Верувајте, искуството е неспоредливо, истакнува Сулев.

Преку тимска работа до враќање назад кон заедницата

Секоја компанија има одговорност да врати кон заедницата во која постои и работи. Затоа и секогаш е добра идеја тимбилдингот да се поврзе со некоја општествено корисна активност и да се покаже вистинската моќ на тимската работа. Дали ќе биде тоа чистење на некоја запуштена област, садење на дрвја и растенија, подготовка на подароци за луѓе на кои им се потребни или пак создавање на уметничко дело од рециклирани материјали… поентата е тоа д биде активност која ќе биде корисна за околината, а која можете да ја правите како тим.

Сите овие начини на организација на активностите се само насоки за тоа како би можел да се одвива тимбилдингот, кој е исклучително важен за компаниската култура и за синергијата помеѓу вработените.

Често се вели дека помалку способен тим кој има јасна насока секогаш ќе има подобри резултати од поспособен тим кој едноставно не е насочен. Последните трендови во HR практиките дури ја потенцираат важноста на организирање на тимбилдинг активности што почесто и на што поразнолик начин, за вработените да можат да опуштат и да се запознаат меѓусебно во различни атмосфери надвор од работното опкружување.

-Луѓето преферираат автентични доживувања, искреност и оригиналност. Сакаат обични работи, лични доживувања, уникатно Тим Билдинг искуство. Тоа не секогаш е поврзано со скапи хотели или ресторани, со преголеми трошоци, туку е повеќе работа на инспирација и креативност. Едноставните работи допираат до срцето на луѓето, категорични се од Балкан Прајм Турс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седница во Собранието за гласање на новата влада, најверојатно на 15 и 16 јануари, најави Џафери

Редакција

Ќе се спасат ли од затвор Канческа, Авировиќ, Кочан: На Комисија експресно поминаа измените на КЗ

Редакција

Доналд Трамп побогат за повеќе од 1 милијарда долари, откако повторно стана претседател на САД

Редакција