Германската канцеларка Ангела Меркел денеска доаѓа во посета на Македонија, што е прва посета на германски канцелар на државата.
Нејзината посета, која симболично е на Денот на независноста на Македонија е дел од поддршката, што меѓународната заедница ја дава за претстојниот референдум за името.
Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт, пред неколку дена најави дека Меркел ќе дојде во Скопје за од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.
Тој додаде дека во фокусот на средбата на двајцата премиери ќе бидат „регионалните случувања и билатерални теми“, и дека Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, што ќе се одржи на крајот од месецот“.
Фото: Влада