еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се затвора македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, газдарицата не го продолжува договорот за наем на просторијата

Претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Бугарија, Атанас Кирјаков на Фејсбук информираше дека македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, кој беше отворен пред шест месеци се затвора.

„Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов (околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“) и Атанас Мазнев (претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО ИЛИНДЕН – ПИРИН) добивме информација дека по шест месеци, клубот „Никола Вапцаров“ ќе биде затворен.

Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија (наем) за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата“, информираше Кирјаков.

Македонскиот клуб двапати беше вандализиран, за што никој не одговараше.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од демолираниот македонски клуб во Благоевград, ОМО Илинден Пирин бара истрага од бугарските власти

Бугарија одби да го регистрира македонскиот клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград

Фото: Фејсбук/ОМО „Илинден“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18 нови случаи на Ковид-19 во Тиквешко

Редакција

Немало туби со гориво во автобусот на “Беса транс“, вели министерот Спасовски

Редакција

Суд во Солун ослободи македонски државјанин уапсен под сомнение за трговија со дрога

Редакција