Само еден ден по масакарот во белградско училиште, српските медиуми јавуваат за нов напад во друго приватното училиште „Руѓер Бошковиќ“ во Белград, во кој поранешна ученичка со кујнски нож повредила ученик (15) и една професорка која се обидела да ја спречи во нападот.
Полициски екипи се на терен, а според првичните информации девојчето е совладано, уапсено и приведено, потврдиле за Танјуг од српското МВР.
Ни ученикот, ни професорката, која се здобила со исеченица на раката, не се сериозно повредени.
Училиштето е евакуирано, а присутни се и екипи на итната медицинска помош, јавуваат тамошните медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Илјадници граѓани во Белград им одадоа почит на убиените во училиштето и побараа оставки
„Јас сум психопат кој треба да смири“ и рекол средношколецот на полицијата по убиствата