Претседателот на Собранието, Талат Џафери синоќа беше домаќин на прославата по повод Денот на независноста која се случи во Собранието, а на која присуствуваа политичари, министри, претставници на дипломатскиот кор.
„Општество функционира како мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално и како такво претставува позитивен пример, како за регионот така и пошироко. Затоа, убеден сум дека и покрај големите предизвици низ кои поминавме, денеска сме многу блиску до остварување на нашите стратешки определби поставени уште пред 27 години – полноправно членство во ЕУ и НАТО“, рече Џафери во обраќањето.
Фото: Собрание
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.