еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Европската комисија за година предвидува раст од 2% на македонската економија, за наредната 3,1%

Европската комисија (ЕК) предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент.

Во пролетната економска прогноза на ЕК, во делот за Македонија, се вели дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата од Ковид-19, годишниот раст на БДП забави од 3,9 проценти во 2021 година на 2,1 процент во 2022 година.

На економијата на земјата влијаеја намалената надворешната побарувачка, прекините во глобалните синџири на снабдување и растот на глобалните цени на храната и енергијата.

– Додека пензиите и платите реално се намалија, пораснаа дознаките и приватната потрошувачка. Домашната потрошувачка, иако помала отколку во 2022 година, останува клучниот двигател на растот, се вели во извештајот.

Се предвидува растот на инвестициите да остане стабилен со дополнително зголемување на постојните.

Негативните надворешни влијанија се очекува да се намалат, согласно со зголемената странска побарувачка и понискиот раст на увозот, наведува ЕК.

Дефицитот на тековната сметка значително се зголемил во 2022 година, поради наглиот раст на цените на енергијата и зависноста од увоз. Значителното зголемување во приватните трансфери (дознаки) и суфицитот во услужната дејност, потпомогнат од закрепнувањето на туризмот, делумно го компензирале влошувањето во трговијата со енергија. Проектираното намалување на дефицитот на сметката во текот на прогнозираниот период е главно поради значителното подобрување на трговскиот биланс, пониските цени на суровините, како и посилната надворешна побарувачка, поддржана од олеснувањето на притисоците во синџирите на снабдување.

Стапката на инфлација се искачила на 14,2 проценти во просек во 2022 година, во споредба со 3,2 проценти во 2021 година. Храната и енергијата заедно сочинуваат речиси 60 проценти од домашната структура на индексот на потрошувачките цени, а токму растот на цените во овие две категории имале најголемо влијание на вкупната инфлација, која во октомври достигнала врв на 19,8 проценти. Иако се бележи пад, базичната инфлација опстојува, поради заостанатите прелевања од цените на енергијата, но се очекува да продолжи да се намалува.

Економскиот раст треба да се засили во 2024 година, пред се воден од домашната побарувачка. Се предвидува и постепено намалување на фискалниот дефицит.

Како ризици за економскиот раст ЕК ги посочува пречките што се поставуваат пред владините планови за јавни инвестиции и даночната реформа. Од друга страна, процесот на пристапување на земјата во ЕУ е катализатор на развојот и за спроведување на структурните реформи и фискална одржливост.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО сака дипломатско решение со Русија, но се подготвува за најлошото

Редакција

За половина денар поскапи бензините, за исто толку поевтин дизелот

Редакција

Конференција за предизвиците и решенијата за развој на земјоделството и прехранбената индустрија во регионот

Редакција