еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за половина денар, додека цената на Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95  ќе биде 77,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79,5, Еуродизел БС (Д-Е V) за 67,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, за 0,273 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 38,882 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,761 отсто, кај дизелот за 2,455 и кај екстра лесното масло за 2,227 отсто, додека кај мазутот има намалување е за 1,217 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,259 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српски Курир: Алкалоид Белград донираше над 80 илјади евра за Институтот за јавно здравје на Србија, за пациентите на дијализа

Редакција

Под лупа 84 објекти на КАМ маркетите

Редакција

Извршен вонреден надзор во триесет предмети поврзани со Рамиз Мерко, кој се уште е градоначалник

Редакција