еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Катица Јанева побрала помилувања од Пендаровски, тој ја одбил

Претседателот на државата го одбил барањето за помилување на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева.

Од Кабинетот на претседателот на државата посочуваат дека негативно мислење дала и Комисијата за помилување.

– Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Исто така и Комисијата за помилување, која е советодавно работно тело во Кабинетот на претседателот, даде негативно мислење по барањето, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

Комисијата за помилување е советодавно тело на претседателот која листата со предлози за помилување ја доставува до претседателот на државата, кој ги потпишува решенијата.

Поранешната специјална обвинителка е осудена на седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Јанева во затвор работи како библиотекарка

Врховен ги потврди пресудите за Катица Јанева и Боки 13 за „Рекет”

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа осум лица од Ковид-19, вкупно до сега 2.622

Редакција

Бугарската такса за рускиот гас ќе ја зголеми цената на струјата и парното за 20%

Редакција

Обвинителот Ислам Абази непознат за јавноста, ама добро познат во ДУИ

Редакција