еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Променливо време со повремен дожд до четврток, од недела повторно дестабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре и во среда наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во петок и сабота ќе преовладува претежно сончево време, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Во Скопската котлина времето до четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, особено утре и во среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дождот помогна во гаснењето на пожарот на Криволак, има уште неколку жаришта во општина Василево

Редакција

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција

Редакција

Во бугарското Собрание има „ново мнозинство“, пратениците го разрешија претседателот од партијата на Петков

Редакција