еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција бара да нема судење за притворениот за купување гласови градоначалник на Химара од грчкото малцинство

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас смета дека притворениот градоначалник на Химара од грчкото малцинство, Дионисис Фреди Белерис треба да биде ослободен и истакна дека прашањето ќе го покрене в понеделник на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за грчката телевизија Стар, Дендиас објасни дека во Брисел ќе учествува и на ручек со министрите за надворешни работи од Западен Балкан и рече дека веројатно ќе се сретне и за конкретниот случај ќе разговара со неговата албанска колешка.

Посочи дека станува збор за сериозно прашање и токму затоа во Албанија беше испратен и генералниот секретар од Министерството за надворешни работи на Грција.

-Јас не велам дека не треба да има судење, но зошто е во притвор? Кој е тој елемент што го прави опасен и налага продолжен притвор? Ова се големите прашања, истакна Дендиас.

Паралелно потенцираше дека силно верува во грчко-албанското пријателство и дека двете земји се многу блиски, но додаде дека потребно е да имаат „чисти сметки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните на Химара го избраа за градоначалник грчкиот кандидат кој заврши во притвор и ги скара Албанија и Грција

Тензијата меѓу Албанија и Грција расте: Тирана побара да се почитуваат нејзините институции по апсењето на грчки кандидат за градоначалник

Грција гневна оти во Албанија пред утрешните избори е уапсен кандидат за градоначалник на грчката заедница

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Билал Суџубаши, кој е реименуван за главен извршен директор и претседател на УО на Халк Банка

Редакција

Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на Државниот пазарен инспекторат

Редакција

(Видео) Русија тврди дека го намалува военото присуство на границите со Украина, Западот дека го зголемува

Редакција