еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Украина бара нова воена помош од Македонија

Пристигнато е ново барање од украинска страна, за дополнителна воена помош, класифицирано е и во моментов Генералштабот го разгледува, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарски прашања.

– Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира тоа е класифицирано од украинската страна се разгледува во Генералштабот на армијата, дали можеме и во која мера да одговориме и ако добиеме позитивно мислење се разбира соодветно ќе ја известиме јавноста доколку Владата донесе дополнителна одлука.

Сега во моментов, како што напоменав, се прави анализа, а се разбира ние сме отворени сè додека има потреба од поддршка Република Северна Македонија, да пружи поддршка, изјави министерката.

Петровска повтори дека барањето е класифицирано, напоменувајќи дека одлуките кои веќе се донесени се декласифицирани и ѝ се достапни на јавноста.

– Се однесуваат повеќе барања како што реков тие се класифицирани не би ги споделувала во детали. Она што досега го испорачавме и одлуките кои ги донесовме досега тие веќе ги декласифициравме како што објавив, мислам дека веќе е објавено и на сајтот на Министерството, каде што само е задржано само правото да не ги споменуваме, да не ги споделуваме количините, тоа е заради тоа што  сепак, станува збор за оперативни информации.

Меѓутоа видот во смисла на тоа каков вид подетално на оружје, вооружување веќе сме донирале е објавено, изјави министерката за одбрана Петровска.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Петрушевски е првиот пратеник кој е осуден за клевета за став искажан од собраниската говорница

Редакција

Детален преглед на активни пожари низ Македонија

Редакција

(Фото) МВР реконструираше и обнови повеќе објекти

Редакција