еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стојанче Ангелов повторно најави дека е можно да ја напушти владината коалиција

Доколку Владата ја отфрли иницијативата на Достоинство, за праведен надомест на нематеријална штета на воените инвалиди, 30 необештени воени инвалиди, и 15 семејства на загинати, истиот ден ќе ја напуштиме владината коалиција, истакна Стојанче Ангелов, претседател на партијата „Достоинство“ и директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја напушти ли и Достоинство на Стојанче Ангелов владината коалиција?

Тој во гостување во ТВ Сител рече дека во случај да им биде отфрлена инцијативата нивното излегување од владината коалиција ќе биде повеќе во знак на револт, но оти сепак се надева дека низ разговор ќе се најде заедничко решение.

-Доколку Владата ја отфрли нашата иницијатива ние ќе ја напуштиме владината коалиција, свесни дека притоа нема да предизвикаме политички земјотрес. Ние работиме реал политика, свесни сме дека сме мал политички фактор, без пратеник и како и да е нашето излегување од владината коалиција ќе биде повеќе во знак на револт.

Но, јас искрено врз основа на изјавата на премиерот, јавно дадена изјава која што ја повторив во два наврати наредните денови, се надевам дека низ разговор ќе најдеме решение со коешто ќе го надминеме овој горлив проблем, изјави Ангелов.

МИА/Фото: Ангелов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заветна“ уште една нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, во изведба на Бојана Скендеровски

Редакција

(Фото) Хотел Манастир во Берово, одлично место за „бегство“ од секојдневието

Редакција

Во Свети Николе расте бројот на заразени со корона вирусот

Редакција