еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Коалициските партнери му дале на Ковачевски поддршка за продолжување на европскиот пат

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање за тоа колку е стабилна коалицијата, посочи дека на денешната средба со коалициските партнери се дискутирани нивните барања при што во областа на реформите во правосудството се договориле во рамки на Комисијата за политички систем при Собранието да се отвори расправа и да се формира група која ќе работи на изработка на законско решение за ветинг.

Исто така, како што информира премиерот, се договориле дискусијата за законските предлози за една изборна единица да се води во рамки на Собранието и да бидат земени предвид сите аспекти на политичките партии.

-Со Ангелов веќе разговаравме и со коалиционите партнери ќе имаме веќе средба во однос на барањето кое барање веќе го имаме разгледувано, но со оглед на законска неможност да се реализира ќе седнеме повторно да најдеме решение и тоа беше разговарано.

Со Балкоски ги знам во детали неговите ставови и се работи за остварување на иста цел, но различен пристап бидејќи тој е експерт во таа област смета дека треба друг пристап во делот на одредени регулативи кои се носат, но сепак сметам дека остварувањето на целта за изградба на коридори од сите аспекти е императив на сите политички партии, рече Ковачевски.

За реформите во правосудството – законот за ветинг, се договориле дека во рамки на Комисијата за политички систем при Собранието ќе се отвори расправа и ќе се формира група која ќе работи на изработка на решение заедно со учество на експерти и со покана до соодветни експерти од ЕУ кои имаат искуство со цел да се добие законско решение и процедури кои ќе бидат издржани и ќе обезбедат процес кој ќе даде посакувани ефекти.

За законските предлози за една изборна единица се договориле дека дискусијата треба да се води во рамки на Собранието и таму, според него, треба да бидат земени предвид сите аспекти на политичките партии.

-Во рамки и на коалицијата и на опозицијата има различни мислења по однос на Изборниот законик. СДСМ е партија која во својата програма има поддршка за една изборна единица, но во рамки на Собранието ќе се расправа за модалитетите во однос на тоа дали треба да има изборен праг, не треба да има, застапеност на етнички заедници, родова застапеност на изборните листи, ќе се води во рамки на дискусијата.

Од страна на политичките партии беше истакната поддршка за продолжување на европскиот пат. Денес се наоѓаме на крстопат дали продолжуваме забрзано со интеграција во ЕУ или државата повторно треба да стане изолирана во рамки на балканскиот простор без сантиметар напредок како што беше 11 години во минатото, рече Ковачевски.

Прашан што доколку не се испочитуваат барањата на помалите коалициски партнери, Ковачевски нагласи дека за него не постојат помали или поголеми коалициски партнери, туку коалициски партнери кои ги почитува заради нивните идеолошки и програмски определби и претпоставки на кои ги градат своите политики.

-Во една разноликост на коалициски партии, кога имате од социјалисти, економски политики до либерални, зелени итн. дека секогаш постои процес на усогласување. Денес се договоривме дека во Собранието ќе се отвори на Комисијата за политички систем делот во однос на реформите во правосудството и се договаравме за воведување на систем во кој за избраните функционери во правосудниот систем од страна на Собранието ќе се обезбеди процедура во која ќе можат да бидат повикани на јавна расправа во Собранието како што јас одам на пратенички прашања, за да одговорат на пратениците кои ги избрале, потоа законска регулатива во делот на казнивост и одговорност.

На мој предлог разговаравме во делот на унапредување на транспарентноста индивидуална која потоа може да биде преточена во унапредување или санкционирање на лоши постапки се тоа што ќе биде дел од Комисијата за политички систем и за Изборниот закон во делот на Комисијата каде веќе е поднесено законско решение каде сите политички партии ќе треба да го усогласат ставот во однос на Изборниот законик и како тој да изгледа, бидејќи имаме време до наредните избори, заклучи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој дојде на средбата на Ковачевски со лидерите од владината коалиција

МИА/Фото: Ковачевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пронајдени 1.222 тела во близината на Киев, тврди украинската јавна обвинителка Венедиктова

Редакција

Хронологија на настаните во Цетиње: Се води истрага дали убиецот починал од ранување од полицаец или во него пукало друго лице

Редакција

Во болницата Козле се хоспитализирани четири деца позитивни на корона вирусот

Редакција