еМагазин
Image default
Македонија

Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година

Владата на денешната седница ги разгледа и усвои Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 – 2027 година.

-Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот.

Имајќи во предвид дека насилниот екстремизам и тероризмот се комплексни безбедносни проблеми кој не препознаваат граници, култури, религии или етнички групи, феномени кој не засегаат сите нас и е потребен широк општествен и интегриран одговор, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам  во подготовката на стратегиите вклучи различни општествени чинители. Активна улога зедоа претставници на државните институции, верските заедници, академската заедница, граѓанскиот сектор и медиумите.

Главниот фокус е ставен на спречувањето на радикализацијата која води кон тероризам, јакнење на институционалните капацитети за борба против овие појави, во контекст на безбедноста, стабилноста и просперитетот на државата и граѓаните почитувајќи ги основните човекови права и слободи, пропишани во домашното и меѓународното право.

Текстовите на двете национални стратегии и акциски планови се целосно усогласени со стратегијата за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на Организацијата на обединетите нации и европските стандарди за изработка на ваков тип на документи, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вељаноски: Нема економска оправданост и причина за пет потпретседатели на Собранието

Редакција

Владата ги преименувала институциите според три критериуми, допрва се консултира за името на МАНУ

Редакција

Алијанса за Албанците е веќе поделена, викендов ќе има два конгреси, едниот го свика Таравари, другиот Села

Редакција