Белградското јавно обвинителство денеска соопшти дека оформило предмет по службена должност за да се утврди дали во дејствијата на мајката на малолетникот К.К., кој се товари за масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ се содржани елементи на кривичното дело „запуштање и злоупотреба“ на малолетно лице“, јави Бета.
Обвинителството испратило барање до Полициското одделение за град Белград за прибирање на потребните информации, кое наредило распит на осомничената М.К., се наведува во соопштението.
Исто така, побара „да се одржи разговор со педагогот и психологот вработени во училиштето, како и да се преземат сите други мерки и дејствија неопходни за целосно утврдување на фактичката состојба.
Градскиот центар за социјална работа има наредба да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетникот К.К. и за ова да го извести Oбвинителството.
Откако ќе бидат доставени бараните пријави до Oбвинителството, јавноста „без одлагање ќе биде информирана за натамошниот тек на постапките и одлуките“, стои на веб-страницата на обвинителството.
Над 200 родители на деца од „Владислав Рибникар“ се приклучија на иницијативата за итно прекинување на наставата во постојниот објект на тоа училиште и завршување на работната учебна година на 3 мај, кога ученик од седмо одделение уби девет ученици и чувар на тоа училиште.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Unsplash