еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Силен дожд со град предизвика поплави во Велес

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода поради високата конфигурација на градот и нерешената атмосферска канализација.

Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна.

Од Центарот за справување со кризи за МИА информираат дека засега нема пријавено штети од невремето.

Земјоделски стручњаци за МИА, појаснуваат дека поради силниот град очекуваат пријави од земјоделците за оштети на родот од градинарски култури и овошни дрвца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Невреме предизвика поплавување и штети во гостиварско

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) И Прилеп има бугарско здружение, во градот има многу Бугари, вели претседателот

Редакција

Изборниот законик е само парче хартија: Пендаровски и Силјановска „си тераат“ предвремена кампања

Редакција

Тепаниот во Македонија не е бугарски државјанин, туку еден од напаѓачите, вели бугарскиот пратеник Лорер

Редакција