еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил градоначалникот на Арачиново кој ја затвори Општината поради „безбедносни причини“

По вторпат градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибрахими, кадар на ДУИ, стравува за својот живот, а овојпат реши од „безбедносни причини“ и да ја затвори Општината, чие работење поради неефикасноста е често предмет на критики во јавноста, а долговите и ги покриваат македонските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер реакции за затворањето поради „безбедносни причини“ на Општина Арачиново

Општина Арачиново не работи оти градоначалникот добил закани по живот

Од МВР информираа дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот.

Ибраими лани пак во септември во полицијата пријави дека бил цел на физички напад и тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази, исто кадар на ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да си ги решат меѓупартиските препукувања, вели Спасовски за инцидентот во Арачиново

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист на свое име пријавил градежно земјиште во Скопје и деловен простор исто во Скопје.

Вози Голф 4.

На име на родителите пријавил куќи во Арачиново и Чаир.

За ниеден од податоците не дал информација како се стекнати.

Фото: Фејсбук/Ибрахими

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италијански весник објави видео како Боки 13 и Зоки Кичеец земаат пари од Орце Камчев

Редакција

(Видео+фото) Се ожени Павле Богоевски, направи свадба во вила на Водно

Редакција

(Фото) Со помош на ЕУ, отворен модерен спелеолошки тренинг центар во Гостивар

Редакција