еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Џо Бајден пак падна

Американскиот претседател Џо Бајден, кој се кандидираше за реизбор во 2024 година, се сопна и падна на церемонија на дипломци на американската Академија на воздухопловните сили.

Три лица му помогнаа да стане, а од Белата куќа информираа дека е добро и дека се сопнал од вреќа со песок, која била на сцената.

Оваа не е прв пад на Бајден во последно време. Минатата година падна од својот велосипед додека се обидуваше да се симне од него. Се сопна и во февруари годинава додека се качуваше по скалите на авионот на заминување од Варшава.

Лекарите во февруари го прогласија за здрав и способен за должност.

Видео: Washington Post/фото: Фејсбук/Бајден

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Изгоре автомобил на локалниот пат Струмица-Дабиле

Редакција

13-годишно девојче од Аеродром нападнато и ограбено од четири малолетнички кои ги познавала

Редакција

Државен инспекторат за земјоделство вработува 6 службеници

Редакција