еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поројни дождови ќе имаме и неделава

Во текот на следната седмица во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во петок и во деновите од викендот.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето во државата утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2019

Редакција

Вкупно 8.042: Од Ковид-19 починаа 6 лица, дополнително пријавени уште 4

Редакција

За кого гласаше Македонија на Евровизија

Редакција