еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Средбата Мицкоски-Ковачевски ќе биде тет-а-тет, ќе и претходат разговори со пратениците, коалицијата и ИК на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во Клубот на пратениците во среда ќе се одржи најавената средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, средбата ќе биде тет-а-тет.

-До средбата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со пратеничката група, партиите дел од Коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, истакнуваат од опозициската партија.

Очекуваме, како што наведуваат од партијата, Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Владата денеска соопшти дека премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во среда во 11 часот во Клубот на пратеници ќе ја одржат најавената средба.

Од Владата соопштија дека на средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото+Видео) Пендаровски: Имаме извонредно ретка можност да бидеме сведок на еден импресивен јубилеј-1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир

Редакција

Убава вест: 13 оздравени болни од Ковид-19

Редакција

Петиција за поддршка и потпишување на Прогласот за заштита на македонскиот јазик и книжевност

Редакција