еМагазин
Image default
Македонија

Грчки војници ќе вежбаат на Криволак во рамки на „Balkan Warrior 23“

Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на вежбата „Balkan Warrior 23“ и донесе ваква одлука, на предлог на Министерството за одбрана.

-Вежбата „Balkan Warrior 23“, според Информацијата од Министерството е дел од Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 и 2024 година и дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција, се наведува во соопштението од Владата.

На вежбата е предвидено учество на 15 припадници од специјалните сили на Грција, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства.

Вежбата ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Апасиев бара оштета од 30 илјади евра оти бил незаконски прислушуван

Редакција

До сега се потрошени 100 евра: Владата не знае колку пари ќе потроши за кампањата за референдумот за името

Редакција

Коалициските партнери на средба за влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата

Редакција