еМагазин
Image default
Бизнис

ЕСМ започнал со подготовки за следната грејна сезона

АД ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона, информираат од таму. Во наредните неколку месеци ќе се прават ремонти во сите производствени капацитети за зголемувањето на нивната доверливост со цел компанијата да ги произведе потребните количини електрична енергија.

„Во моментов, РЕК Битола работи со три блока. Во текот на летните месеци ќе се извршат ремонти на Блок 1 и Блок 2, а ремонтните активности на Блок 3 се веќе завршени. ТЕЦ Неготино е, исто така, во редовни ремонтни активности.

Овој капацитет кој не работеше 12 години и служеше како ладна резерва, минатата сезона 2022/20223 беше ставен во функција за рекордно време и даде голем придонес во надминување на енергетската криза што ја погоди земјава, како и цела Европа.

Навремената подготовка на сите капацитети е клучна за непрекинато, сигурно и зголемено производство на електрична енергија. Редовните ремонтни активности на постројките се исклучително важни за продолжување на нивниот век и безбедна работа,“ се вели во соопштението.

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските банкари во одбрана на Народната банка

Редакција

Државен завод за статистика ќе спроведе пробен попис на земјоделството од утре до 30 јуни

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Здравствен дом – Охрид за набавка на амбулантно возило вреден 74.000 евра

Редакција