еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Директори на училишта се степаа пред ноќен клуб во Кавадарци, Јанчев најави нивно разрешување

На социјалните мрежи се споделуваше снимка од тепачка помеѓу двајца директори на основни училишта во Кавадарци, која сега е повлечена.

Како што објави Фокус, станува збор за директорите на ОУ Димката Ангелов – Габерот и на ОУ Тошо Велков- Пепето.

Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир, пишува Фокус.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за “Фокус” вели дека по информациите добиени од МВР во врска со настанот, во понеделник ќе преземе чекори, односно директорите на училиштата ќе бидат разрешени од функција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Шкотска и ирска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – келтски дух, музика и традиционални специјалитети

Редакција

Лепче со паричка – на Бадник или на Василица, што велат од Бигорски манастир

Редакција

Пецков пред Георгиески: Охрид ќе добие градоначалник во вториот круг

Редакција