еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пецков пред Георгиески: Охрид ќе добие градоначалник во вториот круг

Целосните непотврдени резултати на Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат дека на вчера одржаните Локални избори во Охрид на гласање излегле 29.629 граѓани или 56,46 отсто од вкупниот број гласачи од избирачкиот список.

Од нив неважечки се 1.412 гласа, додека од регуларните Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ добил 14.380, Константин Георгиески 12.460, а Гоце Цветковски 1.376 гласа. Тоа значи дека Охрид следниот градоначалник ќе го добие на вториот круг од изборите предвиден за две седмици.

Што се однесува за распоредот на силите во новиот Совет на општината, според освоените гласови ВМРО-ДПМНЕ ќе има десет, СДСМ осум, ДУИ две и по едно советничко место партијата Левица и групите избирачи „Охрид, пред се“ и „Охрид има план Б“.

Во Општина Дебрца, исто така, не е избран градоначалник. Во вториот круг ќе одат независниот кандидат Зоран Ногачески со освоени 1.053 гласа и кандидатот на Коалицијата предводена од СДСМ, Игор Крцоски со освоени 979 гласа. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Силјаноски, на изборите ја доби поддршката од 734 граѓани.

Според освоените гласови Советот на Општина Дебрца ќе биде составен од по четири претставници на коалициите предводени од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, еден советник од коалицијата ДОМ-ЛДП, како и по еден советник од избирачките групи, Димче Андрески и Александар Николоски.

Инаку, се работи за конечни, но непотврдени резултати сооглед дека течат жалбените рокови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Избрани 26 градоначалници во првиот круг

ДИК: Данела Арсовска пред Петре Шилегов, за Советот на Град Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најдобрите lounge и мезе барови за 2021 година

Редакција

Јовески им го врати на Фетаи и Бубевски случајот „Монструм“

Редакција

Тешко оди откажувањето од руските енергенси: Бугарија бара од Европска Комисија за две години да се одложи запирањето на увозот на руска нафта

Редакција