еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Делегација на ЕУ: Македонија неможе да премине во следната фаза од преговорите без уставните измени

Делегацијата на ЕУ во Македонија, во врска со исходот од лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека не коментира внатрешни дискусии, додека пак, за уставните измени, оттаму наведуваат дека се јасни заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година.

-Не коментираме внатрешни дискусии. Заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 се јасни. Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на пристапните преговори, Советот, исто така, одлучи, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, да свика уште една меѓувладина конференција со цел да се претстави рамката за преговори и состојбата на подготвителните работи од страна на Европската комисија и е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури, се вели во ставот на Делегацијата на ЕУ.

Мицкоски по состанокот со Ковачевски, меѓудругото, излезе со барање уставните измени да се усвојат со одложено дејство, односно откако земјава ќе стане членка на ЕУ.

Премиерот Ковачевски денеска кажа дека сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, како што рече, „што некој сакал да каже бидејќи тоа што беше разговарано беше и кажано“.

Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Богданци, Ковачевски повтори дека „ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени“ и оцени дека „демантирањето или излегувањето од она што било договорено и кажано на прес-конференцијата по лидерската средба би било големо разочарување за граѓаните и за меѓународната заедница“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од договореното ќе ги разочара граѓаните и меѓународната заедница

Ако не се прифати еден од нашите предлози, избори би биле единствено логично решение, вели Мицкоски

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Протестна нота од бугарското МНР поради отстранување на бугарското знаме во Битола

Редакција

Македонските војници ќе си „играат“ војна дома, но и во Германија, Албанија, Црна Гора, Италија, Бугарија…

Редакција

Што го плаши претседателот Стево Пендаровски?

Редакција