еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Нина Црнокрак е новата Little Miss Planet 2023, уште две титули за сестрите Стефанови

Во Бугарија, Варна – Златни песоци се одржа изборот за убавина за деца и тинејџери Little Miss&Mister Planet и Miss&Mister Teen Planet 2023.

Во конкуренција на Little Miss Planet победи нашата Нина Црнокрак (11г), а во конкуренција на тинејџерки од 15 до 18 години нашата држава ја претставуваа сестрите Дебора (15г) и Лаура (17г) Стефанови. Дебора ја освои титулата Прва придружничка, а Лаура титулата Мис талент.

Сите три се членки на Модното студио Црнокрак, кое веќе 10 години ја поседува лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и кое беше поддршка на нашите девојчиња, а во жири комисијата меѓу останатите национални директорри и познати личности се најде и Светлана Црнокрак.

Нина, Лаура и Дебора на финалето кое се одржа во хотелот Асториа на Златни песоци, се претставиja во модели на Јасмина Дракул, специјално изработени за оваа пригода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алек Болдвин се огласи по несреќата на снимањето на „Rust“: „Нема зборови со кои можам да го пренесам мојот шок и тага“

Редакција

Бујар Османи, кандидат на ДУИ за претседател на Македонија

Редакција

Нови 326 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција