еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Расте извозот на албански производи во Македонија, се намалува увозот на македонски во Албанија

Во првите пет месеци од годинава албанскиот извоз во Македонија се зголемил за речиси 1,7 милијарди лека (15, 7 милиони евра) споредено со истиот период минатата година.

Според официјалните податоци на Институтот за статистика, ИНСТАТ, за надворешно трговската размена, во периодот јануари-мај, во Македонија се извезени стоки во вредност од околу 9,2 милијарди лека или 82,2 милиони евра.

Наспроти растот на албанскиот извоз се намалува увозот на македонски производи во Албанија.

– Во овој извештаен период забележан е пад на увозот на стоки од Македонија и тоа за 813 милиони лека (7,5 милиони евра).

Според податоците, увозот резултира со бројки од 5,8  милијарди лека (53,7 милиони евра) наспроти 6,6 милијарди лека (61,1 милиони евра), колку што бил во првите пет месеци од 2022 година, наведува ИНСТАТ.

Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто, итн..

Албанија и Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Правни лавиринти и лекови: Ќе „лежи“ ли затвор екс-премиерот Груевски?

Редакција

Русија забрани извоз на над 200 производи и опрема како одговор на санкциите на Западот

Редакција

„Реплек АД“ со раст на приходите од продажба за 5,7 отсто во првиот квартал од годината

Редакција