еМагазин
Image default
Македонија

Гркинка се обидела од Македонија во Грција да го внесе нејзиното бебе скриено во торба

За да избегне затворска казна за кражба, 30-годишна Гркинка побегнала во Македонија, каде што се породила, а во понеделникот се обидела на преминот Евзони на грчката страна од границата да ја избегне пасошката контрола и од Македонија во Грција да го внесе нејзиното двомесечно бебе скриено во патничка торба, по што била уапсена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Кога царинските службеници ја спроведоа предвидената процедура, изненадени открија дека во патничка торба носеше бебе на возраст од само два месеца. Контролата, исто така, откри дека за неа е издадена пресуда од судот во Солун, за затворска казна од три години за кражба. Под овие услови полицајците ја уапсија, а бебето беше дадено на нејзини роднини. Најверојатно жената во изминатиот период престојуваше во ПЈРМ, каде што го донесе на свет нејзиното дете, пишува грчката новинска агенција, јави дописничката на МИА од Атина.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шекеринска нема амбиции да биде идниот НАТО амбасадор

Редакција

Дебар ни одржа лекција за дисциплина на сите

Редакција

Еден пациент почина од Ковид-19 во велешката болница

Редакција