Опожарено возило Ауди во скопски Чаир, за кое Министерството за внатрешни работи соопшти дека е на Б.Л. (35), а за кое првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се огласи на Фејсбук, оти тоа било напад врз неговата работа, стана топ тема во јавноста и ги збуни граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нејасно е зошто Груби реагира за возило на неговиот сосед, имајќи го во предвид фактот дека тој во својот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал министер не пријавил Ауди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил
Во неговиот анкетен лист пишува дека има старо возило Циторен Ксара, кое самиот го проценил на 1.000 евра..
На негово име пријавил и стан во Скопје, приход од 30 илјади евра од продажба на стан, депозити и легализација на надградба на објект.
Фото: Груби/Фејсбук