еМагазин
Локално

Со нож нападнат малолетник од Арачиново додека чекал автобус

На автобуска постојка на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје вчера околу 13.00 часот 15-годишно момче од скопското село Арачиново, физички било нападнато од друг малолетник од Арачиново, ученик во државното средно училиште „Зеф Љуш Марку“.

Додека чекал автобус, соопшти денеска МВР, 15-годишникот физички бил нападнат и со нож му биле нанесени две убодни рани во пределот на левото рамо и половината. Повреденото момче било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и задржано на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во угостителски објекти во Кочани и Пробиштип затекнати гости по 18 часот

Редакција

43-годишен Дебранец почина од труење со плин

Редакција

Повредена полицајка по удар од „Опел Корса“ во Велес

Редакција