Додека од сите страни Македонија се убедува да ги изгласа уставните измени, за да Бугарите влезат во Уставот, источниот сосед по две децении неславење, на 2. Август со прослава му даде целосно бугарски карактер на Илиндеското востане.
И бугарскиот премиер Николај Денков и претседателот на државата Румен Радев на Илинден јавно испратија пораки дека зад истото стојат македонските Бугари, а нивната цел била присоединување кон Бугарија, што е уште една потврда за целосно негирање на македонската историја, но и прекршување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој Бугарија многу често го прекршува.
Од македонската страна засега нема никаква реакција за овие провокации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Бугарија го празнува Илинденското востание кое било за автономна Македонија?
Драги Илинденци извинете што ја упропастивме Македонија
Фото: Собрание