еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје.

Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари.

-Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441 денари. Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, а најголемо зголемување има во домување односно комунални трошоци за 2,4 отсто и кај исхрана и пијалаци за еден отсто, велат од ССМ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Војната„ за шеќер во Русија продолжува

Редакција

Можеме да собереме 20.000 евра: На 12-годишната Кара итно треба да ѝ се дијагностицира ретката болест, а потоа и да се лекува

Редакција

Кичеец бил вработен кај Камчев: За него пресуда утре, бидејќи призна вина за „Рекет“

Редакција