еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажна вест е дека може да се смени преговарчката рамка и дека е можна подобра, вели американската амбасадорка

Американската амбасадорка Анџела Агелер за „Вести плус“ на Канал 5 изјави дека е лажна вест дека може да смени преговарачката рамка со ЕУ и дека е можна подобра, одговарајќи на прашање за изјавите на одделни политичари дека може повторно да се преговара за истата.

– Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вест.

Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле. Амбасадорот на ЕУ овде во Скопје, Гир, но и Брисел беа многу јасни дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да бидете заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија.

Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат, кажа Агелер.

Фото: Амбасада на САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шекеринска нема повторно да се кандидира за заменик претседател на СДСМ, Заев вели дека ќе му остане другарка

Редакција

Сослушани сведоци од генералниот секретаријат на Владата за случајот „Софтвери“

Редакција

Нови 406 случаи на Ковид-19, во Скопје 184

Редакција