еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Измената на Уставот „не е голема работа“, смета Захариева

Македонија мора да ги спроведе потребните реформи и да ги исполни условите доколку сака да започне преговори за влез во Европската унија, изјави заменик-претседателката на ГЕРБ, Екатерина Захариева, која е потпретседател на Комисијата за надворешна политика во бугарското Собрание и поранешен министер за надворешни работи (2017-2021).

Повод за нејзиниот коментар, како што пренесува БГНЕС, е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот, што е едно од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“, што Скопје треба да го спроведе пред да започнат пристапните преговори со ЕУ.

Захариева ги повика, како што вели, „македонските соседи и пријатели, да не се плашат од промените“.

-Измена на Уставот не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати, потенцира поранешната шефица на бугарската дипломатија.

Таа е категорична дека е корисно за двете земји да отворат нова страница во односите.

-И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв, рече Захариева.

Истовремено, таа потсети дека за сето ова да се случи Скопје мора да ги исполни условите од преговарачката рамка и да прифати дека Бугарите се дел од Македонија.

-Мора да се прекине дискриминацијата врз Бугарите, како и од неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство. И сето тоа е добро за Република Северна Македонија и граѓаните на оваа држава, тие самите да се чувствуваат добро во својата татковина, а не да се иселуваат, вели Екатерина Захариева.

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Мери Јордановска

Редакција

Македонија се придружува кон рестриктивните мерки на ЕУ кон Турција

Редакција

Софија нема да направи отстапки кон Скопје поради надворешниот притисок, вели бугарскиот копретседавач на заедничката Комисија

Редакција