еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Холандија влезе во рецесија

Холандската економија влезе во рецесија откако падна за 0,3 отсто во вториот квартал во однос на претходниот период, според првата проценка која денеска ја објави холандската агенција за статистика.

Петтата по големина економија во еврозоната забележа пад втор квартал по ред, откако падна за 0,4 отсто во првите три месеци од годината.

Холандскиот економски раст беше близу пет проценти во 2021 и 2022 година, поради закрепнувањето од падот предизвикан од пандемијата на Ковид-19.

Првата постпандемиска рецесија беше предизвикана од падот на личната потрошувачка и извозот, поради високата инфлација што ја поскапи храната и ги зголеми сметките за енергија во Холадија и нејзините трговски партнери. Потрошувачката е намалена за 1,6 отсто, а извозот е за 0,7 отсто помал во однос на првите три месеци од годинава.

Инфлацијата во Холандија забавува откако во септември минатата година достигна врв од 14,5 отсто, но останува релативно висока на околу шест отсто во вториот квартал од 2023 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 404 заболени од Ковид-19, во Скопје 204

Редакција

Чаир стигна до 442 активни случаи на Ковид-19: Најнови податоци за општините во Скопје

Редакција

По Самитот ЕУ-Балкан, најсигурно е дека Македонија нема да влезе во Унијата ни до 2030

Редакција