еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

По Самитот ЕУ-Балкан, најсигурно е дека Македонија нема да влезе во Унијата ни до 2030

По Самитотот ЕУ-Западен Балкан во Брдо, Словенија, на кој ја слушнавме по којзнае кој пат истата реторика од челниците на Унијата во стилот место на регионов е во ЕУ, најсигурно е дека Македонија и другите земји од Западен Балкан нема да бидат дел од Унијата ни до 2030 година.

Кога ќе бидат и дали воопшто ќе бидат нема одговор.

Земјите од Западен Балкан не добија фиксен датум како што пред неколку години добија Бугарија и Романија, како што бараше Словенија, па сега сите треба да плаќаат за фрустрациите на ЕУ поради таа грешка.

Македонија дури дупло, поради билатерланиот неразумен проблем со источниот сосед.

Подршка за фиксен датум не даде ни германската канцеларка Ангела Меркел, „славена“ на овие простори, која декларативно не заборави да каже дека е согласна оти на земјите од Западен Балкан местото им е во Европа, ама…

Земјите од Западен Балкан ќе треба да се задоволат со само 30 милијарди евра за следните седум години, од кои добар процент преку т.н. “ЕУ експерти“ и други ЕУ „финти“ ќе си врат од кај што дошле.

Приказната за сонот за ЕУ на земјите од Западен Балкан во која веруваат се помалку граѓани, одамна е банална, досадна и патетична.

Фер би било и Унијата би ни била далеку посимпатична кога отворено би ни кажале: “дечки, не ве планираме“, за да си бркаме работа и да си го бараме чарето, оти не е само ЕУ на планетава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Бугарите во Македонија услов за ЕУ: Колкав е нивниот вистински број?

Фон дер Лајен: Неотворањето преговори со Северна Македонија и Албанија ја загрозува поддршката на ЕУ во регионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нè однесе струјата – другарот почна да плива кон другиот другар за да го спаси, но не успеа, вели за Сител првиот Македонец спасен на Халкидики

Редакција

Вучиќ: Одлуката за учество на Самитот во Брисел ќе ја донесам по консултации со Ковачевски и Рама и Владата

Редакција

(Видео) Протести од историски размери во Белорусија: Лукашенко по 26 години наиде на отпор

Редакција