еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

(Видео) Индија испиша историја, нивното летало „Чандрајан – 3“ успешно слета на Месечината

Индија денес испиша историја, откако нејзиното вселенско летало „Чандрајан-3“ (Chandrayaan-3) успешно слета во близина на јужниот пол на Месечината.

Со овој чин Индија стана првата земја која успешно атерирала вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.

Оваа азиска земја неочекувано доби шанса со златни букви да ја напише историјата на вселенското истражување, откако Русија во сличен обид во саботата го загуби контактот со леталото „Луна 25“, а во неделата на 20 август објави дека се урнало на Месечината.

Меѓутоа, ова не беше првиот обид на Индија да слета на Месечината. Најнаселената земја во светот доживеа неуспех во 2019 година кога вселенското летало „Чандрајан – 2“ доживеа проблеми при спуштањето, по што се „заби“ во тлото.

МИА/Фото: Unsplash/видео: ISRO Official

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 42 пациенти од корона вирусот, од кои 27 од Скопје

Редакција

Просечната цена по километар за коридорите 8 и 10д ќе изнесува 12 милиони евра

Редакција

Нови 1.216 случаи на Ковид-19 од 3.716 тестирања, во Скопје 624

Редакција