еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Беше талентиран бизнисмен, изјави Путин за смртта на Пригожин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сочувство до семејствата на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и неговите колеги од урнатиот авион, пренесуваат британските медиуми.

Рускиот претседател да го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“, кого го познава уште од 1990-тите, а за неговата платеничка група „Вагнер“ кажа дека дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина.

-Тоа никогаш нема да го заборавиме, изјави рускиот лидер.

Путин додаде дека шефот на Истражниот комитет на Русија го известил за почетокот на истрагата за авионската несреќа во која синоќа загина Пригожин и додаде дека таа ќе се истера до самиот крај.

Тој кажа дека Русија ќе разгледа што велат истражителите за несреќата, но дека за дополнителни детали за инцидентот ќе биде потребно време.

Неговите коментари доаѓаат 24 часа откако авионот со Пригожин се урна северно од Москва.

Пригожин беше меѓу десетте патници и членови на екипажот на приватниот авион што се урна вчера во Русија. Во несреќата нема преживеани, но се уште официјално не е објавено дека меѓу жртвите е и Пригожин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кога беше објавено дека лидерот на „Вагнер“ загинал во авионска несреќа, Путин беше на концерт

Кој е Евгениј Пригожин, лидерот на руската платеничка група „Вагнер“ кој загина во авионска несреќа

МИА/Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката „Жан Митрев“ ги стави на располагање своите ресурси во борбата против коронавирусот

Редакција

Перпетуумобиле секјурити е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Редакција

Никој не сака да ги брани осомничените за грабнувањето и соучество во убиствата на Вања и Панче

Редакција