еМагазин
Image default
Бизнис

Бизнисот бара поддршка од државата во хотелиерството

Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) бара државата да му помогне на туризмот, посебно во делот на хотелиерството.

-Оваа година имавме добар прилив во Струга и Охрид. Треба да се делува во тој дел, во туризмот, посебно во хотелиерството, да се зголеми капацитетот во Струга и Охрид, рече претседателот на СКСЗМ, Менди Ќира по денешниот работен состанок со министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што истакна Ќира, проблемите во стопанството се големи, но заеднички, во соработка со Владата, полесно може да се решат.

На состанокот станало збор и за мерките што ги презема Владата за поддршка на бизнис секторот, за продлабочување на соработката во делот на крерирањето политики за подобрување на бизнис климата, како и за животниот стандард на граѓаните.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Лошите временски услови предизвикаа елементарна катастрофа кај голем дел од лозовите насади во Тиквешкиот регион

Редакција

„Макпетрол“: Немаме сознанија зошто континуирано расте вредноста на акциите

Редакција

ОКТА ќе дели дивиденда

Редакција