еМагазин
Image default
Македонија

МНР ја испратила документацијата за тендерот кој го доби донаторот на ДУИ до Антикорупциска и Обвинителството

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ја доставило документацијата од целосната постапка за јавната набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ.

Министерството апелира до надлежните институции „да дадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста“.

– Повторуваме: нема нерегуларности во постапката, неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ. Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба.

Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно: Еуровиа – 93.746.070 денари (избран понудувач), второрангирана – 120.668.981 денари, треторангирана – 134.015.461 денари, четврторангирана – 374.353.297 денари, се наведува во соопштението од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Османи и врвот на ДУИ на свеченост кај донаторот Адеми, кој го доби милионскиот тендер на МНР

Како е можно потпретседателот Османи да не знае дека Еуровиа е донатор на ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во 12 градови веќе нема заболени од корона вирусот

Редакција

Во Тетово намален бројот на активни случаи со корона вирусот

Редакција

Приведен поранешниот градоначалник на Демир Капија и претседател на Советот на општината

Редакција