Твитер-заедницата реагира на приведувањето на актерката Ирена Ристиќ, но има и такви кои велат дека законот мора да важи за сите.
Ристиќ била приведена пред Владата, бидејќи собирала пикавци и притоа била однесена до Беко, па до Бардовци, при што како што вели „била тормозена од полицијата“.
МВР пак излезе со соопштение во кое тврди дека таа го нарушувала јавниот ред и мир, но и навредувала службено лице.
Еве ја реакцијата на твитер-заедницата:
Актерката Ирена Ристиќ по приведувањето во полициска станица затоа што чистела окулу Владата била присилно однесена во психијатриската болница Бардовци ✞ pic.twitter.com/6CiRJdpQ8K
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) September 17, 2018
Па и да била пијана, па кој нормален може да се соочи со трезна глава со сите ваши/наши ѓубриња?
— Nevena (@buzaroska) September 17, 2018
Реметела јавен ред и мир, како бе не ги слушате тркине по цели ноќи што реметат јавен ред и мир, да не додавам поминување на црвено, преврзо возење, непочитување полна лента итн…
— Nevena (@buzaroska) September 17, 2018
За продавање марули 2 години затвор, за чистење пред влада само една вечер у станица. Ех, македонче македонче…
— Обичен Александар 🇺🇸 (@SendvicSoVegeta) September 17, 2018
"Чистела пикавци" пијана во 1:30 по полноќ, дрско се однесувала, одбила алкотест, одбила да даде крв, па ја однеле на психијатар у Бардовци. И еве ја денес цел ден плаче на ФБ, мизерија!
— Gandalf the Red (@_RedGandalf_) September 17, 2018
Фото/Фејсбук-профил на Ирена Ристиќ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР со детали за приведување на Ирена Ристиќ
Ирена Ристиќ за приведувањето: Ме развозуваа од Беко до Бардовци, тормозеа и пцуеа