еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Училиште во Турција ќе го носи името „Македонија“, а училниците ќе бидат именувани по македонски градови

Училиште во Малатија, Турција, ќе го носи името „Македонија“, а училниците ќе бидат именувани по македонски градови: Скопје, Тетово, Охрид, Штип, Куманово…

Како што информираа од Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО), училиштето ќе почне со работа на 11 септември, и има 24 училници.

Истото се протега на површина 8.656 метри квадратни.

Училиштето е изградено со донацијата од еден милион евра, во која учествуваа членките на МАТТО, а со поголема сума учествуваше Црвениот Крст на Македонија, како и со подршка на Сојузот на турски невладини организации во земјава (МАТУСИТЕБ), здружението ЕСНАФ, општини, образовни институции, здруженија и фондации и хумани граѓани на Македонија, по серијата силни земјотреси во Турција

– Ова е чекор кој придонесува за развојот на образованието на децата кои останаа без своите училишта. Ова е чекор со кој на новите генерации ќе им се даде уште еден светол пример за хуманоста, заедништвото и пријателството меѓу двата народи, истакнуваат од МАТТО.

Фото: МАТТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И 2023. ќе биде тешка година за бизнисот, оцени извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев

Редакција

ЕЛЕМ распиша нов тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола тежок 4,7 милиони евра

Редакција

Убава вест: Оздравени шест лица кои боледуваа од корона вирусот

Редакција