еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Политичари го консултирале Пендаровски за амнестија на Груевски, откри претседателот

Политичари пред неколку месеци го консултирале претседателот Стево Пендаровски за амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски, кој стана азилант во Унгарија, откри претседателот во интервју за емисијата „Трилинг“, која се емитува на ТВ 24

Одговарајќи на прашање дали ако до него стигне иницијатива, би го амнестирал Груевски, тој откри дека пред неколку месеци од „некои актери на политичката сцена“ бил консултиран околу таа можност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски откри кој од него барал амнестија за Груевски

„Ги слушам тие шпекулации наназад седум-осум месеци од нашата политичка чаршија и кујна, да бидам и поексплицитен, значи на едно неформално ниво од пред седум-осум месеци некои актери од политичката сцена ме консултираа околу таа можност, што мислам околу таа можност.

Им реков децидно дека тоа не би го направил никогаш, бидејќи тоа би било рушење на правната држава. Таков тип на милосрдие стои во Уставот, но јас не мислам дека сум султан или монарх во оваа држава за такви кривични дејанија самиот да пресудувам и да решавам што е право, што не.

Има судски постапки, низ судски постапки, за ‘мерцедесот’ се докажа, мислам дека и за шамарите во Центар се докажаа пресудите. На што би личело јас од оваа позиција тука да кажувам. Тоа не би го направил за мој најблизок роднина, а не пак за било кој друг политичар“, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски демантира дека се „пазарел“ за измените на Кривичниот законик

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коѕиас: Јас ќе сакав да се викаат Северна Алјаска, а не Северна Македонија

Редакција

Караџовски: Јас и мојата фамилија не сме корумпирани, ако некој бара оставка треба да ја аргументира

Редакција

Здравствена работничка од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата, позитивни и нејзиниот сопруг и син

Редакција