еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот преку реални проекти ги подготвуваат студентите за професиите од иднината

Практичната работа на студентите им овозможува од „прва рака“ да осознаат со што понатаму ќе се соочуваат во својата кариера. Ги подготвува за пазарот на труд, правејќи ги поспремни и посигурни во нивниот професионален пат. Токму учењето преку работата на реални проекти за реални компании е во основата на иновативните образови програми на добро познатата едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster), која деновиве прославува осум години од основањето.

По успехот во неформалното образование, од минатата година Бреинстер направи значен чекор и во формалното образование, основајќи го Бреинстер Некст колеџот – првиот акредитиран практичен ИТ- факултет во Македонија.

Покрај Софтверско инженерство и иновации, од оваа година акредитирана е и втората студиска програма UX/UI и графички дизајн.

Основачот на Бреинстер и на Бреинстер Некст колеџот, Петар Ниновски истакнува дека успешната работа на факултетот, креираше уникатно искуство за компанијата, бидејќи го означи нејзиниот влез во формалното образование.

„Причината поради која го основавме колеџот беше да ја воведеме практичната методологија на учење која се покажува како многу успешна на нашите академии, меѓутоа таа не е докажана само во рамките на нашата организација, туку и на национално ниво, во средното стручно образование преку дуалното образование, а на интернационално ниво е одамна докажана во високото образование особено во Германија и во другите држави во Северна Европа преку т.н. Universities of Applied Sciences и Fachhochschules“, вели Ниновски.

Бреинстер Некст колеџот е единствен во регионот на Југоисточна Европа кој нуди уникатен модел за финансирање на тригодишните додипломски студии- Студирај сега, плаќај по вработување! Тоа значи дека студентите плаќаат 0 денари за нивното образование, сè додека не дипломираат или се вработат, па тогаш и почнуваат да ја исплаќаат школарината на 36 рати без камата, што во принцип им овозможува целата сума да ја исплатат од платата преку првото вработување.

Ниновски  посочува дека Бреинстер Некст колеџот по многу нешта се разликува од останатите високообразовни институции во државата, без разлика дали се приватни или државни. Како клучни ги посочува: фокусот на практиката, наставниот кадар, методологијата на учење базирана на работа во мали групи и индивидуален и менторски пристап, како и „Student Success“ – тимот, наместо класична студентска администрација.

„Имајќи ја предвид практичноста на Бреинстер Некст колеџот нашите професори (предавачи) се комбинација на најдоброто од академскиот свет и ИТ-индустријата, односно сите имаат практично искуство во индустријата. Покрај нашите професори, дел од предметите ги одржуваат предавачи кои се експерти од индустрија и кои како full-time вработени кај нашите партнерски ИТ-компании држат делови од предмети кои се дел од нивната секојдневна работа и експертиза“, вели тој, нагласувајќи дека на овој факултет се создаваат идните ИТ-професионалци подготвени за индустријата.

Во тимот на предавачи се и странски професори коишто работат на реномирани странски универзитети, а имаат и гостински предавачи кои се претприемачи или професионалци, вработени во дел од најголемите глобални ИТ-компании.

Ниновски дава посебен фокус на практичниот начин на учење на Бреинстер Некст колеџот кој подразбира работа во мали групи и тимови, сè со цел подобро стекнување на знаењата предвидени со секој предмет и успешно имплементирање и завршување на реалните проекти.

Поради тоа, професорскиот тим има менторски пристап кон студентите при што целта е тие да го дадат најдоброто од себе, за по завршувањето на студиите да бидат подготвени за предизвиците коишто ги очекуваат во глобалната ИТ-индустрија, односно за професиите од иднината.

Основачот на Бреинстер истакнува дека се подготвени да го споделат целокупното искуство на оваа организација со државните и приватните универзитети во државата и во странство, сѐ со цел понатамошно унапредување на високото образование во делот на ИТ и знаењето на сегашните и идните македонски студенти.

Интернационалната едукативно-технолошка организација Бреинстер го прославува својот осми роденден со мрежа од над 11.500 алумни, 734 вработени студенти само во последните две и пол години, отворање претставништво во Албанија и почеток на новата Академија за лидерство и менаџмент.

Од стартап, Бреинстер денеска е водечка компанија за едукација во Македонија. Цврсто се позиционираше како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години. Се вброи и меѓу топ-500 најуспешни компании во земјава, врз основа на вкупната нето-добивка за 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасада на САД за договорот со Бехтел и Енка: Ако има несоодветни активности тие треба да се истражат

Редакција

(Видео) Меморија по 30 години објави нова песна „За тебе“

Редакција

Цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи ќе ја одредува ЕВН Хоум

Редакција