еМагазин
Image default
Локално

Инспекција во градинката во Шуто Оризари, каде што беше повредено 11-месечното бебе

Во текот на денот ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор над работата  на установата и стручниот кадар, од страна на инспектори за заштита на децата, велат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за МИА, во врска со случајот со градинката во Шуто Оризари.

– Министерството за труд и социјална политика информира дека официјално нема добиено претставка за случајот во градинката „8-Април“ во Шуто Оризари. Меѓутоа по допрен глас од медиумите и по службена должност, во текот на денот ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор над работата  на установата и стручниот кадар, од страна на инспектори за заштита на децата.

За утврдување на фактичката состојба и неправилности во работата на стручниот кадар, кој го згрижувал детето, ќе бидат преземени мерки согласно Законот за заштита на децата, нагласуваат од МТСП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

11-месечно бебе повредено додека престојувало во градинка

МИА/Фото: Министерство за труд и социјална работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) За вљубениците во автомобили во Скопје: Изложба на електрични и хибридни возила

Редакција

Тројца кавадарчани фалсификувале банкноти од 500 и 1.000 денари

Редакција

Во Гостивар од утре покрај храна ќе се купува и кафе за носење

Редакција