еМагазин
Image default
Локално

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

Во Скопје, утре ќе биде спроведен посебен режим на сообраќај, поради одржување на „Скопскиот маратон 2023“, со почеток од 08:00 часот.

Трасата на движење, информираат од МВР, ќе започне од Собранието, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и назад по истата траса до целта – Собрание на ул.„11 Октомври“.

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува кон околните сообраќајници, соопштија од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник пронајден починат во „Идризово“

Редакција

Кокаин пронајден кај девојка при акциска контрола на МВР во угостителски објект

Редакција

(Фото) Што му порачаа учениците од основните школи во Карпош на градоначалникот Богоев

Редакција