еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

Полека се ближиме кон големото финале, односно заокружувањето на овој, есенски дел од приказната наречена „Македонијо во срце те носиме“ и последниот концерт во Скопје. А до Скопје следуваат уште два од предвидените вкупно осум концерти, во исто толку македонски градови. Така, по Штип, Битола, Велес, Прилеп и Кочани караванот „Македонијо во срце те носиме“ утревечер, 4 октомври, патува кон Тетово.

Концертот е закажан со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад. На репертоарот и во градот под Шара ќе се најдат сите 12 песни од проектот, а „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“… и овој пат ќе бидат отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на Скендеровски продукција, а сите 12 родољубиви песни во ново руво ги спакува маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешен директор на ЕСМ, ја злоупотребил положбата за набавка на мазут

Редакција

На Бугарите не им помина декларација во Советот на ЕУ за “засилено следење на омразата кон Бугарите“ во Македонија

Редакција

Ковачевски најави вклучување на Евреите во Уставот

Редакција