еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

A1 Македонија го имплементираше Смарт сити Дојран

А1 Македонија како компанија која е целосно посветена кон дигитализација на општеството, во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Дојран ја финализираше првата фаза од имплементацијата на проектот Смарт сити Дојран, информираат од таму.

Во рамките на оваа фаза која е дел од проектот „Туризмот – иднината на регионот“ беа поставени паметен е-полнач за автомобили, Градски информативни ЛЦД табли и набавени паметни е-велосипеди.

Во следна фаза Општина Дојран има план да постави паметни клупи и сензори за загаден воздух.

„Чест ни е што А1 е препознаен партнер од страна на регионите и општините во имплементација на паметни градови и дигитални решенија, бидејќи на тој начин ги правиме нашите општини, а со тоа и целата земја, напредни и модерни за живот.

Смарт сити Дојран е одличен пример дека и помалите градови треба да се дигитализираат и да станат паметни, а во исто време да го зголемат квалитетот на животот на своите граѓани и да ја зголемат својата туристичка атрактивност.

Поттикнати од овие позитивни примери, остануваме фокусирани на изготвување и реализирање проекти во области кои придонесуваат кон унапредување на модерното живеење“, изјави Иво Пауновски, раководител на оддел за ИКТ и партнеринг во А1 Македонија

Смарт Сити Дојран нуди бенефити не само за Oпштина Дојран, која преку новото паметно решение има можност за напредно далечинско управување на ресурси и генерирање на заштеди, туку нуди и збогатена туристичка понуда за сите посетители на оваа атрактивна туристичка дестинација.

Решението предвидува користење на IoT платформа и имплементација на WEB базирана апликација каде што се интегрираат три различни IoT решенија. Тие вклучуваат воведување модерен интегриран систем за контрола и управување на полнач за електрични возила со можност за електронско плаќање, електрични велосипеди со паметно заклучување (паметни велосипеди) со SaaS (софтвер како сервис), како и градски информативни ЛЦД табли со WEB базиран софтвер за контрола и управување.

Со овој проект, Југоисточниот регион, преку активностите во Општина Дојран ја започна својата трансформација во модерен и паметен регион, инспириран од развиените европски градови и региони, при што се подобрува квалитетот на животот на граѓаните и посетителите на Југоисточниот плански регион, особено на Општината Дојран.

Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, преку Програмата за РРР 2022-2023, а средствата се управувани од Центарот за развој на Југоисточен плански регион, со целосна поддршка и финансиско учество од Општина Дојран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Колку луѓе биле прислушувани лани по барање на Јавното обвинителство

Редакција

Кирил Петков сослушан за приведувањето на Бојко Борисов

Редакција

Денеска посебен сообраќаен режим и затворени улици поради улична трка

Редакција