еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Плаќањата со картички се зголемиле за 16,6%

Народната банка ги објави податоците од доменот на платежната статистика за вториот квартал од 2023 година.

Податоците покажуваат дека и во вториот квартал од 2023 година има тренд на раст во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози.

Годишниот раст на употребата на платежните картички издадени во земјата за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните во вториот квартал од оваа година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 13,9% кај бројот, при солиден раст од 12,5% и кај вредноста на овие трансакции.

Притоа, значителен годишен раст од 16,6% е забележан кај употребата на картичките за плаќања производи и услуги во земјата, при засилен раст кај плаќањата на физичките места на продажба од 17,0%, но и висок раст од 11,9% кај плаќања на виртуелните (интернет) продажни места.

Плаќањата на граѓаните со платни налози во истиот период забележаа висок годишен раст од 19,2% кај вредноста и 4,8% кај бројот на остварените трансакции, при видлива натамошна зголемена употреба на електронското банкарство за иницирање на овие плаќања.

Имено, бројот на електронски иницираните платни налози во вториот квартал од 2023 година забележа годишен раст од 14,2%, што е повеќе за 5,7 п.п. од годишниот раст во вториот квартал од 2022 година (8,5%).

Тренд на раст се забележува особено кај употребата на апликациите на мобилните телефони, и тоа од 23,3%, во споредба со истиот период од 2022 година и има послаб годишен раст од 2,7% кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слога Пром од Кавадарци одбележува 33 години успешна работа на пазарот во Македонија

Редакција

Мајка го оставила својот 11-годишен неподвижен син во домот, без грижа, храна и надзор

Редакција

Бројката на заразени со коронавирус на крузерот во Јапонија каде што има и наши граѓани, достигна 174 лица

Редакција