еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачки видеа) Како изгледа Газа по нападите од Израел

Во нападите на Израел на Појасот Газа, откако Хамас ја нападна земјата, досега загинаа најмалку 770 лица, а бројот се очекува да расте.

Повредени се 4.100 лица.

Повеќе од 187.000 луѓе се раселени низ Газа, а се очекува тој број да се зголеми, соопшти Агенцијата на ОН за палестински бегалци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Агенцијата информира и дека во нејзините засолништа во Газа има повеќе од 137.000 лица.

Од таму исто така информираа и дека Агенцијата била принудена да ги затвори сите 14 центри за дистрибуција на храна и дека како резултат на тоа половина милион луѓе престанале да добиваат помош во храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт пак изјави дека на израелска територија биле пронајдени 1.500 тела на екстремисти на Хамс, откако армијата ја врати контролата над поголемиот дел од југот на земјата.

Во судирите досега загинаа повеќе од 1.600 лица од двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Појасот Газа е срамнет со земја по нападот на Израел

Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште четворица

Редакција

Бизнис што „цвета“: Плантажи со марихуана ќе никнат и во Кривогаштани

Редакција

Интервентен кардиолог кој спасил многу човечки животи: Кој е Сашко Николов новиот градоначалник на Штип

Редакција